Пентагон организира трка на хакери
Американската влада ги повика хакерите да се обидат да навлезат во системите на Пентагон, објавија АФП и “Индипендент”. Првите програмски цели за проверка безбедноста на воените компјутерски мрежи се нарекува “Пробиј го Пентагон” ( “Hack the Pentagon”).
Искусни хакери се поканети да се обидат да ги разбијат страниците на Министерството за одбрана. Идејата за иницијативата е земена од големите технолошки компании кои редовно проверуваат дали им се сигурни мрежите преку организирање трки со материјални награди за хакери.
“Сигурен сум дека оваа иницијатива ќе ја зголеми безбедноста”, изјави американскиот министер за праовосудтство Ештон Картер. Се очекува илјади квалификувани учесници да се вклучат во трката да ја разбијат компјутерската одбрана на Пентагон. Деталите и правилата за учество сè уште не се прецизираат, но најверојатно ќе вклучуваат парични награди, додаваат од институцијата.
Хакерите треба да се американски државјани, а заедно со тоа да се регистрираат и да поминат низ проверка на нивниот идентитет. Потоа нивните вештини ќе бидат проверени врз некоја од јавно-достапните услуги на Пентагон. Поважни мрежи, како и одговорни за оружје програми нема да бидат опфатени во трката, барем првично.