Бара правда: Сириец една година „заробен“ на аеродромот во Истанбул
Објавено на 17 март, 2016 во 09:12
Организацијата за заштита на човекови права, „Амнести интернешнел“ побарала од Турција да го ослободи Сириецот Фади Мансур, кој една година е заробен на истанбулскиот аеродром.
Од 15 март минатата година Мансур, се наоѓа во просторија наречена „соба за проблематични патници“, во која нема ниту кревет, ниту природна светлина,навела „Амнести интернешнел“.
Мансур тврди дека во август 2012 година ја напуштил Сирија, за да избегне одење во војска, по што минал еден месец во Турција.
Се обидел да отпатува во Малезија, но бил вратен на инстанбулскиот аеродром, јавува АП.
Извор: Плусинфо.мк