„Закачалки на добрината“ никнаа на неколку локации во Белград
„Закачалки на добрината“, места на кои луѓето им оставаат храна и облека на оние на кои тоа им е најпотребно, првпат се појавиле преку ноќ, а сега ги има се повеќе ширум Белград, јавува српскиот портал „24сата.рс“.
Многу Белграѓани првпат слушнале за „закачалките на добрината“ дури откако тие биле отстранети. Благородниот концепт подразбира намонтирани кукички на некој објект на улица – дрво, ограда, решетки, столбови и слично на кои граѓаните може да им оставаат храна и облека на оние кои имаат потреба од тоа.
Хуманата идеја за кратко време била одлично прифатени и првите „закачалки на добрината“ на кои стои натпис „Чиста храна“, „Чиста облека“ биле поставени кај Бранков Мост во Белград. На социјалните мрежи неколку часа кружела фотографија на која се гледале продукти кои граѓаните ги донеле, но за жал покрај оброкот исчезнале и самите „закачалки“.
Сепак по неколку дена овие „закачалки на добрината“ си нашле своја нова локација во белградската наслебата Зелен венец, а по извесно време се појавиле уште на десетина локации низ главниот град на Србија, на кои граѓаните можеле да оставаат чиста храна и чиста облека за загрозените лица и бездомниците.
Фотографиите од локациите на кои се поставени овие импровизирани „закачалки“ се споделуваат на социјалната мрежа Твитер со ознака „Куке доброте“ и се објавуваат локациите на кои се поставени
– Откако го затворив дуќанот и тргнав дома, сфатив дека заборавив нешто и се вратив, а на штандот ме дочекаа „закачалки“ и необичен натпис. Додека им се доближував сешто ми поминуваше низ глава но кога прочитав што пишува на паното пријатно се изненадив. На тие закачалки висеше храна и им беше наменета за бездомниците. Бев многу среќна што вакво хумано средство се најде токму кај мојот дуќан – изјавила за „24 сата.рс“, Анѓелка Стојковиќ, сопственичка на антикварница за книги во населбата Зелен Венец.
Извор: Плусинфо.мк