Дастин Хофман на снимање и удрил шлаканица на Мерил Стрип
Во новата неавторизирана биографија на американската актерка Мерил Стрип, се наведува дека нејзиниот колега актерот Дастин Хофман во текот на снимањето на филмот „Крејмер против Крејмер“ ја вознемирувал својата колешка.
Во книгата „Becoming Meryl Streep“ може да се прочита дека Хофман и удрил шлаканица на актерката и постојано ја вознемирувал изговарајќи го името на нејзиниот починат партнер, пренесува „Индипендент“.
Во биографијата се наведува дека во 1979 година токму Дастин Хофман ја одбрал Стрип за улогата на Џоана. Хофман во филмот ја толкува улогата на сопругот на Џоана, Тед.
Мајкл Шулман, автор на биографијата наведува дека Хофман го направил тој избор бидејќи знаел дека Мирл неодамна го изгубила своето момче и верувал дека би можела да го извлече најдоброто од себе благодарение на свежата болка од загубата.
Шулман во биографијата ги цитира зборовите на продуцентот Ричард Фишоф, кој тврди дека Хофман се служел со информации за приватниот живот на актерката, верувајќи дека на тој начин ќе ја поттикне нејзината актерска изведба.
Стрип по инцидентот го напуштила студиото бесна и била пребледена, поради што истакнува Шулман, филмот „Крејмер против Крејмер“ се претворил во „Стрип против Хофман“.
И Дастин и Мерил освоија Оскари за улогите во филмот.
Поранешниот партнер на актерката , актерот Џон Казале починал во 1978 година на 43-годишна возраст.
„Индипендент“ наведува дека за коментар ги контактирал претставниците на двајцата актери, но до моментот на објавувањето на прилогот никој не се огласил.
Извор: Плусинфо.мк