Германска активистка скрила групно силување од мигранти
Германска левичарска активистка откри дека скрила од полицијата групно силување против неа, стравувајќи да не провоцира ксенофобија и расизам. За списанието. “Шпигел” 24-годишната Селин Герен истакна дека поради толеранција рекла дека била силувана од сонародници.
Инцидентот се случил во почетокот на годината во град Манхајм, Баден-Виртемберг. Таа е портпаролка на леворадикалното политичко движење Linksjugend Solid ( “Лева младина – солид”). Малку по полноќ на 27 септември таа била силувана групно од тројца мажи од Блискиот Исток. Злосторство се случило на игралиште. Криминалците и ја зеле исто торбата, по што се скриле.
Герен веднаш се обратила кон полицијата со поплака за грабеж. Таа сепак скрила дека напаѓачите биле мигранти и зборувале на арапски или фарси. Наместо тоа Селин рекла дека злосторниците зборувале германски, а странец бил веројатно само еден од нив.
Но 12 часа по првите индикации таа се вратила во полицијата и ја раскажала целата вистина. Според зборовите да го стори тоа ја убедил пријател. Тој и рекол дека во истиот регион, каде што била силувана Селин, неодамна истото се случило и со друга жена.
Левата активистка , мислела дека ги спасува мигрантите од бран на гнев, која може да се издигне од страна на националистички настроените слоеви на општеството. Токму тоа се беше случило, откако стана познато за масовните сексуални претерувања од страна на мигранти против нгерманки за време на новогодишните прослави во Келн.
Селин била во бегалските кампови во ирачки Курдистан и не сакала да стане причина за нов излив на национализам и омраза кон нив. Затоа таа напишала писмо до мигрантите и ја објавила на страница на Facebook.
Извор: Локално.мк