Музејот Мадам Тисо се посрамоти со фигурата на Бритни Спирс
Објавено на 27 март, 2013 во 12:26
Музејот Мадам Тисо во Њујорк претстави уште еден восочен лик, овој пат поп кралицата Бритни Спирс.
Восочната фигура е изработена врз основа на изгледот на пејачката на доделувањето на МТВ наградите 2008 година, но проблемот е што фигурата не е многу веродостојна копија на пејачката, пренесува Дејли меил.
Инаку, ова е втора восочна фигура на пејачката која ја направи овој музеј.
Првата е изработена во 2003 година, со копија која беше поднослива, додека со втората, според многу медиуми, музејот прописно се посрамоти.