Поголем број на мажи би простиле неверство!
Истражувачите на порталот “Survive Her Affair” (Преживејте го нејзиното неверство) испитале 1.500 мажи кои се изневерени од кои 71 отсто изјавиле дека ја сакаат својата жена и покрај неверството.Дури 92 отсто од изневерените мажи рекле дека сакаат да го сочуваат својот брак или пак се неодлучни за тоа!
Стручњаците советуваат дека доколку се одлучите да ја простите измамата на партнерот треба да го направите следното:
1.Договорете се
Одредете го времето кое ќе и го посветите на вашата врска.Лицето кое изневерувало треба да го прекине секој контакт со лицето со кое го направила неверството.
2.Извинете се
Важно е лицето кое изневерило да понуди искрено и сериозно извинување и да ја преземе одговорноста за своите дела.Прифаќањето на извинувањето зависи и од односот на лицето кое лажело.Најважно е да разговарате
3. Не се обвинувајте себеси
Вашата самодоверба не зависи од односот на партнерот.Можете да бдиете дел од решението но никако не сте и причина за неверство.
4.Исфрлете ја лутината
Исфрлете ја својата лутина.Испитувањата покажале дека пишување писмо на партнерот помага но немојте да го покажете.Исто така,разговорот со пријатели и семејството за тој случај може да биде корисен.
5. Пронајдете ги квалитетите
Направете листа на позитивни аспекти од вашата врска.Иако сте тажни и лути раз,мислете за сето она убаво што ви се случило тоа ќе ви даде нов поглед на вашата врска.
6.Побарајте професионална помош
Ситуацијата може да биде многу тешка без обизр на тоа колку сте силна личност.Терапевтскиот поглед може да ви биде од корист.