Пол Макартни и натаму најбогат музичар во Британија!
Објавено на 12 април, 2013 во 17:37
Поранешниот член на Битлси Пол Макартни е најбогат музичар во Велика Британија, пишува магазинот Сандеј тајмс.
Богатството на Макартни и неговата трета сопруга Ненси Шевел, кои имаат компанија за камиони во САД, магазинот го проценил на 680 милиони фунти што автоматски ги сместува на врвот на листата на најбогати, формирана од магазинот.
Макартни на врвот на листата на најбогати музичари се наоѓа од нејзиното основање во 1989 година. На второ место се наоѓа композиторот Ендру Лојд Вебер чие богатство се проценува на 620 милиони фунти.
На листата на најбогати музичари под 30 години првото место го зазеде Адел чие богатство во моментов изнесува 30 милиони фунти.