Мишел Фајфер гордо им се инаети на годините
Педесет и пет годишната Мишел Фајфер не се срами од своите брчки а нејзината самодоверба изгледа подобро од резултатите на било која пластична операција.
Мишел прошета по црвениот тепих на премиерата на филмот Малавита во Франција во кој глуми со Роберт Де Ниро додека во филмот нејзината ќерка ја глуми 27 годишната Дајана Аргон.
Мишел за оваа прилика избра класичен црн фустан до колена а нејзината помлада колешка избра сличен стил на фустан,само о покриени раменици и со ракави.
Инаку,актерката се смета за една од најубавите во Холивуд ,откри дека веќе не го чувствува притисокот да изгледа младешки како порано како и дека не е оптоварена со годините.
-Кога морате да се гледате себеси како стареете на големиот екран тоа едноставно не е природно. Таквите работи сериозно можат да ви ја пореметат психата. Еднаш дерматологот ми рече –Знаеш оние огледала кои ги имаш во купатило,фрли ги! Тоа беше најдобриот совет кој можеше да ми го даде,изјави Мишел и додаде дека е потребно само да се наполнат одреден број на години и да се прејде во другата група на актерки. После се сместуувате во онаа категорија која изгледа одлично за своите години. Не морате веќе да изгледате младо. Ја сум на таа другата страна,имам 55 години,значи уште малку ми требаат до 60 но изгледам одлично.