Пиво за среќа
Вкусот на пивото, а не алкохолот во него, влијае на функциите на мозокот поврзани со желбата и потребата за пиење, а тој предизвикува лачење на хормонот допамин, кој што се поврзува со среќните сеќавања.
Самиот вкус на пивото е доволен за добро расположение, покажува студијата на Универзитетот Индиана. Научниците во експериментот ги истражуваа ефектите од пивото врз доброволците кои што дегустираа по 150 милилитри пиво во текот на 45 минути, а пред и по пиењето, мозокот на испитаниците беше и скениран.
Откриено е дека самиот вкус на пивото е доволен за зголемување на лачењето на хормонот допамин, хемикалија која во мозокот се поврзува со пријатните искуства. До опуштање на допаминот по природен пат доаѓа во возбудливи, адреналински ситуации, но и по консумацијата на дрога и алкохол.
Сепак, пивото нема такво влијание на производството на допаминот, туку производството на хормонот за среќа се поврзува со неговиот вкус и позитивните сеќавања кои ги буди, пишува “Live Science”.
“Резултатите не се изненадувачки, но за првпат потврдивме дека алкохолните пијалаци имаат поголемо влијание на нашето расположение од она што досега го знаевме”, изјави водителот на студијата, професорот Давид Карекен.
Тој додава дека лачењето на допаминот ќе биде уште позначајно кај мажите кои што имаат случај на алкохолизам во семејството.
“Студијата демонстрира дека вкусот сам по себе има влијание на функциите на мозокот поврзани со потребата и желбата”, вели професорот Питер Андресон од Универзитетот Њукасл.
