Лоба ќе стане Македонка
Објавено на 29 јануари, 2018 во 08:18
Во петокот Владата на Република Македонија ја одржа 51-та седница на која прва точка од дневниот ред беше барањето на пејачката Викторија Лоба да добие државјанство на Република Македонија.
Младата пејачка, која родена во Русија, веќе петнаесетина години живее и твори во Македонија и долго време е присутна на поп естрадата. Не е соопштено зошто токму сега побарала македонско државјанство.
Исто така, не е соопштено како се изјаснила Владата, но упатените велат Лоба без проблем ќе добие македонски пасош.