Најдобар цртан филм на сите времиња е „Кралот Лав“
Објавено на 31 јануари, 2018 во 09:02
Легендарниот цртан на „Дизни“ за авантурите на Симба и неговите придружници Тимон и Пумба е најдобар анимиран филм на сите времиња, одлучија читaтелите на „Ранкер“.
„Кралот лав“, кој има заработено речиси милијарда долари, во разни анкети и избори редовно е прогласуван за најдобар анимиран филм. Во 2019 година ќе доживее и римејк, а новата верзија ќе ја режира Џон Фавро, додека за ликовите, гласовите ќе ги позајмат Сет Роген, Доналд Глувер, Бијонсе и Џејмс Ерл Џонс.
Во однос на изборот, на второ и трето место се најдоа „Приказна за играчките“ на „Пиксар“ од 1995 година и „Барајќи го Немо“ од 2003 година. Високо котираат и анимираните филмови „Шрек“, „Аладин“ и „Диспикабл ми“.