Град дава 10.000 долари да станете негов жител
Како дел од новата иницијатива, Тулса во Оклахома нуди 10 илјади долари, но и многу други бенефиции за сите кои ќе се одлучат да се преселат во овој град заради работа во следната една година.
Проектот носи наслов Tulsa Remote, а го основа фондацијата на семејството на Џорџ Кајзер со намера во овој град да ги доведе претприемачите кои се заинтересирани дополнително да го развијат својот бизнис во овој град.
Секој кој ќе одлучи да се пресели во Тулса ќе добие 10.000 долари помоп во текот на годината, прво 2.500 за надокнада на трошоците за преселба, како и 500 долари месечно до финалните 1.500 на крајот на 12 месец.
Оние кои ќе поминат на конкурсот ќе живеат во нови, опремени станови со 33 отсто попуст за комуналии.
Градот има близу половина милион жители, а се развил во 1800 тите на полето на енергијата. Низ него тече реката Арканзас, а регионот е познат како зелена земја, окружен со планини од две страни.