Резултати на ново истражување покажаа дека половина од британците се изјасниле како атеисти
Секуларизмот е во пораст во Обединетото Кралство, покажува најновото истражување за религиозноста на Британците, со јасен акцент на разликите помеѓу генерациите и самоувереноста на помладата популација да се изјаснат како атеисти.
Само еден процент од Британците на возраст од 18 до 24 години се изјаснија дека се припадници на Англиканската црква, според анкетата на Британското здружение за верски убедувања (БСА) од 2018 година. Дури и меѓу најрелигиозните, луѓе над 75-годишна возраст, еден од тројца се изјаснува како англиканец.
Во сите возрасни групи, помладите генерации поретко се сметаат за англиканци.
Нерелигиозноста како тренд
Падот на религиозноста е еден од најважните трендови во повоената британска историја, се наведува во извештајот на БСА.
Од Британците 52 проценти не се изјаснуваат како припадници на некоја посебна религија, додека во 1981 година тој процент изнесуваше 31. Процентот на декларирани христијани во истиот период се намали од 66 на 38 отсто.
– Велика Британија не е помалку религиозна затоа што луѓето ја губат верата, туку затоа што местото на постарите, повеќе религиозни луѓе во популацијата го заземаат помладите, нерелигиозни луѓе, се додава во извештајот.
– Падот на религиозноста во Велика Британија е генерациска работа. Луѓето се помалку религиозни од нивните родители, а нивните деца од нив, се наведува во извештајот.
Нерелигиозните родители имаат голема шанса да ја пренесат нерелигиозноста на своите деца, додека религиозните имаат само 50-50 шанси дека нивните деца ќе бидат религиозни.
Поимот „нерелигиозен“ во Британија сè повеќе станува идентичен со поимот атеист. Еден од четворица Британци денес не веруваат во Господ, додека во 1998 година тоа беше еден од десет, па затоа не може да се каже дека „религијата станува приватна работа на поединецот кој сѐ уште е верник”.
Процентот на екстремно нерелигиозни луѓе се зголеми од 14 на 33 отсто во последните две децении.
Толеранција кога станува збор за други религии и верување во науката
Без оглед на падот на религиозноста, луѓето во Велика Британија се претежно толерантни кога станува збор за религиозни верувања на другите лица. Повеќето испитаници, и атеисти и верници, имаат позитивно мислење за луѓето кои припаѓаат на одредена религија.
Само 3 проценти се противат на склучување верски мешани бракови, додека 82 проценти велат дека ќе прифатат некој од нивното семејство да се венча со личност од друга религија.
Со падот на религиозните верувања, расте довербата во научните институции, така што универзитетските научници се посигурни од корпоративните (82 отсто наспроти 67 отсто).
Само 11 проценти од Британците веруваат во цркви и религиозни институции, во споредба со 36 проценти кои веруваат во образовниот систем, 34 отсто во правниот систем, 16 отсто во деловниот сектор и индустријата и 8 отсто во парламентарците.