600 луѓе и 64 мечки во едно село
Објавено на 11 декември, 2019 во 11:07
Десетици поларни мечки се спуштија во село на далечниот руски север барајќи храна. Населбата Риркајпиј е под опсада, а властите и волонтерите се трудат да спречат инциденти помеѓу човекот и мечката.
Во селото во кое живеат околу 600 луѓе, лани се појавија „само“ 28 мечки, но оваа година се многу повеќе и нивниот број постојано расте. Сега биле најмалку 64. На локации надвор од селото се ставала храна за да се намамат мечките таму.
Миграцијата на мечките го стави селото под опсада. Сите јавни случувања се откажани, а децата на училиште мора да одат само со автобус. По улиците патролираат припадници на таканаречените мечкини патроли.
Средбите со бели мечеки биле исклучително опасни. Во 2011 година жител на тоа село бил убиен од поларна мечка.