Предлози за новогодишо украсување на домот (ФОТО)
Објавено на 27 декември, 2019 во 15:39
Ако живеете во стан со помала квадратура, просторот сигурно ви е максимално искористен и практично уреден.
Тоа обично значи дека има многу малку или воопшто нема простор за новогодишен декор. Но, тоа не треба да ве обесхрабри да го украсите домот за новогодишните празници.
Имате неколку опции: минималистички декор на ѕидот, мини елка, еден ама впечатлив украс или неколку помали поставени на стратешки места низ станот.
Искористете го просторот над вратата или прозорецот, заменете некои украси со новогодишни, играјте си по вертикала…Во поширокиот простор на внатрешноста на домот е полесно и украсувањето.