Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

halkidiki fin

2.07.2020

Грција вчера ги отвори регионалните аеродроми, дел од копнените гранични премини и дел од пристаништата за туристи од Европската унија, од Шенген зоната, како и за државјаните на третите земји, кои се најдоа на листата што ја соопшти ЕУ.

Но, за македонските државјани, границите кон Грција и понатаму ќе бидат затворени до 15 јули со оглед на тоа дека јужниот сосед се води според одлуките на европско ниво. Сега македонските туристи се во исчекување на овој датум, кога повторно би требало да биде ревидирана листата, а Македонија ако дотогаш ја подобри епидемиолошката слика, влезот би бил дозволен. Бидејќи нема македонски туристи во грчките летувалишта, ви пренесуваме информации од српски туристи, кои за Blic информираат какви се цените во Грција.

Цените во Грција поради коронавирусот доживеаја вистински ролеркостер, а грчките угостители ги чекаат туристите. Туристичката машинерија е подготвена да ги пречека сите кои го сакаат грчкото море.

Угостителите чекаат туристи

Пред да се случи проблемот со затворање на границите, во понудата за сместување можеше да се забележи одредено зголемување на цените во одредени објекти како компензација на загубите.

Сепак, по избивање на пандемијата грчките хотелиери сфатија дека постои можност тие да го загубат еден од пазарите којшто оваа година ќе претставува ‘рбетот на сезоната и пристапија со масовни попусти во хотелската и во понудата на апартмани.

Како што велат, има туристи, а цените на некои производи останале исти, некои се нешто пониски, а некои останале во просекот.

Во зависност од одморалиштето, но и категоризацијата на објектот што ќе го посетите, кафе може да се испие за 2,5 до пет евра. Просечната цена на пивото е од три до четири евра, а коктелите од шест до 10 евра.

Водата е стандардна од 50 центи за шише или 1,5 евра за литар во таверните.

Што се однесува до гирото, цените се разликуваат од две до три евра во просек, а пицата од шест до 10 евра, во зависност од одморалиштето.

Турист, пак, им испратил сметка од таверна од Тасос, која изнесува 20 евра и опфаќа две главни јадења, салата, леб, два пијалока и литар вода. Комплетна вечера со морска храна во добар ресторан чини 46 евра, што е иста цена од претходните години.

Она што е важно, е фактот дека угостителите се придржуваат кон мерките за заштита од типот на носење маски, ракавици, посебни раздвоени маси.

Во рестораните и таверните се почитуваат мерките за растојанието помеѓу масите, што е поголемо од вообичаеното, а келнерите носат маски или визир.

Што се однесува до лежалките и чадорите, годинава, заради здравствените протоколи, сите објекти кои ја нудат оваа услуга мора да ги постават на растојание од четири метри, а цените се пониски од порано. На Халкидики, во баровите каде минатата година сетот чинеше 10 евра, сега наплатуваат пет евра.

Според многумина, оваа сезона е предизвик за секој што се занимава со туризам, а конечните проценки на загубите ќе бидат релевантни само на крајот на сезоната.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново