Дресирани кучиња откриваат Ковид-19 заразени на аеродромот во Хелсинки
Истражувачите од Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки обучувале кучиња за да можат да го детектираат Ковид-19 од почетокот на 2020 година. Во мај истражувачката група објавила дека успешно обучила кучиња за откривање на Ковид-19 во примероците на урина. Но, напредокот се случил брзо. Сега кучињата се обучени да откријат Ковид-19 од потта на нашата кожа и го почнаа пробното тестирање на аеродромот во Хелсинки.
На овие кучиња им се потребни само 10 молекули за откривање на Ковид-19, додека за тековната опрема за тестирање потребни се 18.000.000. И не постои споредба со брзината. „Абот Лабс“ има 15-минутен тест што чини 5 долари. Кучињата можат да го детектираат Ковид-19 веднаш, без непријатното земање брис од нос.
Процесот на скрининг нема да биде толку едноставен како дозволување на патниците да поминат додека кучето ги душка. Наместо тоа, патниците ќе треба да ја тријат кожата со марамче, а потоа да го стават во чаша. Кучето ќе треба да ја издушка чашата во изолиран штанд. Ова овозможува анонимна обработка што ја штити приватноста на една личност. Патникот за кој постои сомневање дека има Ковид-19 ќе биде насочен кон одделот за здравствени информации на аеродромот.
Програмата наскоро ќе вработи 4 кучиња, но може да се прошири на 22 колку што се обучени за задачата. Иако е нејасно дали идејата ќе биде само на еден аеродром – старските домови ќе бидат уште еден одличен случај за употреба на вакви кучиња.