Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mecka fin

Естонија неодамна инсталира систем за автоматско препознавање животни во близина на патиштата. Системот препознава животни како елени, мечки и диви свињи и автоматски вклучува знаци на патот со кои се бара намалување на брзината на автомобилите.

Со системот Естонија има цел да го заштити дивиот свет и да спречи повреди и смртни случаи предизвикани од удари на животните од страна на автомобилите.

Новиот систем користи десет радари со кои се надгледуваат патиштата и нивната околина. Кога системот ќе регистрира движење на животно, се испраќа сигнал до знаците за ограничување на брзината на 70 километри на час. Знаците се исклучуваат кога животното ќе го помине патот.

Според технолошката компанија „Самсара“, постојат повеќе причини зошто животните се привлечени да поминат на отворен пат, освен едноставното доаѓање од точка А до точка Б. На пример, свежо косените тревници и посолените патишта може да бидат привлечни за некои животни како извор на хранливи состојки.

Извор: interestingengineering.com

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново