Турција планира засадување на 252 милиони стебла до крајот на оваа година

Објавено на 12 ноември, 2021 во 10:12

Турција вчера покрена иницијатива за засадување на 252 милиони стебла до крајот на оваа година, соопшти турското Министерство за земјоделство и шумарство, пренесува агенција Анадолија.

„На 11 ноември, на Националниот ден на пошумување, ние стануваме здивот на иднината“, истакна Министерството на Твитер.

„Ние му вдахнуваме живот на светот со засадување по три садници за секој од 84-те милиони, добиваме вкупно 252 милиони стебла“, додадоа тие.

Министерството ги покани сите граѓани да засадат садници во подрачјата на нивните градови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.