Неизвесен настапот на Мадона на Евровизија
Настапот на Мадона на Евровизија е под знак прашалник. Како што велат организаторите таа не потпишала договор за настапот, пишува Би-би-си.
Извршниот супервизор на Евровизијата Јон Ола Санд изјавил во дека „Европската радиодифузна унија никогаш не го потврдила настапот на Мадона“.
„Ако немаме потпишан договор, таа не може да настапува на нашата сцена“, изјавил Санд.
Финалната вечер на Евровизија ќе се одржи на 18 ти мај во Тел Авив, Израел, а на финалната вечер и претходат две полуфинални вечери.
Гостувањето на Мадона на ова големо музичко натпреварување нејзините американски и британски публицисти го објавија уште во април оваа година.
Тие потенцирале дека музичката ѕвезда би требало да изведе две песни во текот на Евровизијата – една од својот нов албум „Мадам Икс“ и уште една од нејзиниот каталог „Like A Prayer“ од 1989 година.
„Сега преговараме, во завршна фаза сме. Но, ако оваа недела не дојде до потпишување на договорот, таа нема да се појави на сцената“, рекол Санд.
Според пишувањето на „Ерусалем пост“, Мадона ќе пристигне во Тел Авив денеска,среда 15 мај, за да присуствува на пробите.