Најтажниот ден во годината за маламут: Неговиот последен куп снег се стопи (Видео)
Објавено на 11 март, 2022 во 10:36
Видео од маламут како се збогува со последното купче снег на тремот ги трогна луѓето. Сторм, кој живее во Мичиген, никогаш нема доволно снег и ужива во секоја снегулка. Во видеото објавено од неговиот сопственик на TikTok, тој лежи на мало купче снег кој полека се топи.
„Тажно куче… Денеска за него е најтажниот ден во годината. Последен ден е неговото купче снег со нас. Ужива во последните моменти“, стои во описот на видеото кое собра 3,7 милиони прегледи.
На Инстаграм сопственикот откри дека температурите во Мичиген надминале 16 Целзиусови степени и дека се ближи крајот на зимата. Луѓето го советувале да си набави машина за правење снег за неговото милениче никогаш повеќе да не биде тажно.