По осум години пауза: Камерон Дијаз објави дека ѝ се враќа на глумата
По осум години пауза, Камерон Дијаз повторно снима филмови.
Дијаз, која официјално потврди дека се повлекува од Холивуд во 2018 година, треба да глуми во новиот филм на Нетфликс „Враќање во акција“, заедно со Џејми Фокс. Тие двајца претходно глумеа заедно во „Ени“ од 2014 година, последниот игран филм на Дијаз.
„(Џејми Фокс) само ти можеш да ме вратиш во акција“, напиша актерката во приказната на Инстаграм по објавата. „Евај чекам, тоа ќе биде експлозија!
„Камерон Дијаз официјално се враќа од пензија!!! Таа ќе глуми со Џејми Фокс во нов филм на Нетфликс – и имаме една неочекувана личност на која ѝ благодариме што ја вративме ‘во акција’…“, гласи објавата на Нетфликс на Твитер. „Неочекуваната личност“, која преку чет-разговор ја убедил глумицата да ѝ се приклучи на екипата, е всушност самиот Џејми Фокс, кој прв и ја објави веста.
Нетфликс сè уште не одредил датум за прикажување на филмот, но Фокс напиша на Твитер дека продукцијата треба да започне оваа година.
Фокс го прослави враќањето на Дијаз на Твитер, објавувајќи снимка од двајцата кои разговараат за нејзиното враќање.
Cameron Diaz is officially un-retiring!!
— Netflix (@netflix) June 29, 2022
She will star with Jamie Foxx in a new Netflix movie — and we have an unexpected person to thank for getting her back in action… https://t.co/BciMJs5bGo
„Се чувствувам возбудено, но не знам како да го направам ова, знаеш?“, вели Дијаз во клипот.
Иако не толку активна во Холивуд во последниве години, Дијаз сепак, остана во фокусот со лансирање на етикета за органско вино.
Дијаз лани изјави дека како мајка повеќе не може да замисли да биде на филмски сет по 16 часа на ден.