Погледнете како изгледа „Електричниот дом на тркала“ на Мерцедес
Европската индустрија за „моторни домови“ се повеќе се потпира на електрификација, а примерот е модифицираниот Mercedes-Benz EQV, кој швајцарската компанија Soritmo Walter Ruegg PLC го претвори во подвижен дом.
EQV е електричниот „брат“ на Mercedes V-Class, а Soritmo направи голем број модификации за да го претвори во компактен кампер.
Достапен е покрив кој се повлекува, а достапни се и соларни панели за собирање енергија за полнење на батериите и помошните батерии.
Подигнувањето на покривот дава повеќе простор во внатрешноста, а патниците во долниот дел можат да се одморат на креветот што се извлекува.
Sortimo нуди и кујна со мијалник, фурна на гас, фрижидер и фиоки.
Засега не се знае колку е потежок EQV од стандардниот по модификациите, ниту дали има намалување на неговиот опсег.
Во моментов, Mercedes нуди EQV со два погони. EQV 300 доаѓа со батерија од 90 kWh која овозможува опсег помеѓу 326 и 363 километри, додека EQV 250 со батерија од 60 kWh покрива помеѓу 213 и 236 километри. Двата модели се достапни во должина од 5.140 и 5.370 mm.
EQV располага со интелигентен систем за навигација со активно управување со опсегот, така што сопственикот не мора да се грижи за празнење на батериите. Има и инфозабавен систем Mercedes MBUX.
Цената која Sortimo ја бара за комбе не е наведена, но се знае дека пократкиот EQV 250 во Германија чини најмалку 67.818 евра, додека најскапиот подолг EQV 300 чини 72.280 евра.