Тинејџерката која ја прегрна Меган Маркл откри што ѝ рекла војвотката
Меган Маркл завчера во Виндзор додека беше во друштво на својот сопруг принцот Хари и принцезата и принцот од Велс, им се заблагодаруваше на почитувачите на кралицата Елизабета Втора, и пријде на една тинејџерка и ја прегрна. Девојката за „Си-ен-ен“ открила што и рекла војвотката во текот на кратката средба.
Прегратката на Меган Маркл и тинејџерката беше една од многубројните трогателни сцени кои беа забележани надвор од замокот Виндзор, каде војвотката и војводата од Сасекс им се придружија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам за да ги разгледаат цвеќињата и пораките оставени во чест на кралицата.
Во текот на прошетката, која траела 40 минути, принцовите и нивните сопруги им се заблагодаруваа на насобраните, меѓу кои била и Амелка Зак (14). Пред таа да се прегрне со војвотката, тие кратко поразговарале.
Девојката, која сè уште е во шок, открила дека сакала да и посака топло добредојде на Меган по „сè што се случило“.
„Само ја чекавме да дојде, а таа ми пријаде и ме праша како се викам и како се чувствувам и колку долго чекав. Ја прашав дали можам да ја прегрнам, а таа ми возврати. Тоа беше мошне неверојатен момент. Се уште се тресам“, раскажала тинејџерката.
Кога тие заедно пред портите на замокот Виндзор, ја изненадија светската јавност, која последните две години, по Мегзит, ги следи нивните меѓусебни (ин)директни конфликти. Од Кенсингтонската палата објавија дека принцот Вилијам ги поканил брат му и снаата да му се придружат нему и на Кејт во овој важен и тежок момент.
Реченицата што ја изговорила девојката: „И беше добро, а јас само сакав да и покажам дека е добредојдена овде“ го поддржува ставот на многумина дека настан како што е смртта на кралицата Елизабета Втора е повеќе од оправдана причина за негативните и лошите коментари кои ја следат војвотката, а кои и ги упати голем дел од британската јавност, да ги остават настрана.
Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во Балморал, Шкотска, на 96-годишна возраст.