Трик од искусните домаќинки: Отстранете ги загорените наслаги од пеглата за две минути (видео)
Објавено на 19 мај, 2022 во 11:21
Неверојатно но многу делотворно…
Изгледа неверојатно, но аспиринот или парацетамолот навистина најбрзо и најлесно ги чистат дамките од пеглата.
Потребно ви е:
парацетамол или аспирин
крпа
пинцета
Ако имате тврдокорни дамки на пеглата, најлесно можете да ги отстраните со аспирин или парацетамол. Вклучете ја пеглата на максимум и исклучете ја опцијата за пареа. Со пинцета земете ја таблетата за да не се изгорите и тријте на местото каде што се дамките, па пребришете со крпата.
Додека го правите ова, отворете ги прозорците.
И сами ќе забележите како дамките брзо и лесно исчезнуваат.