Ученичка го прашала кралот Чарлс колку години има: Одговорот ќе ве насмее (видео)

Објавено на 21 октомври, 2022 во 13:58

Кралот Чарлс и кралицата Камила го посетија „Project Zero Walthamstow“, организација која се занимава со антисоцијалното однесување меѓу младите, и одвоија време да разговараат со учениците кои ги чекаа надвор.

На видео објавено на „Твитер“, едно момче може да се слушне како извикува „тоа е кралот“, а набргу потоа една ученичка му поставила прашање: „Колку години имаш кралу Чарлс?“

Кралот се насмеал на нејзиното прашање и одговорил „погоди“, што ги насмеало сите присутни.

Чарлс потоа ги прашал децата дали имаат „пристоен летен одмор“, а потоа влегол во зградата на здружението со Камила.

Да потсетиме, ова не е првпат кралот Чарлс да ја насмее публиката со својата смисла за хумор. Минатиот месец на интернет стана вирално видео во кое еден обожавател го покани кралот на пиво, на што Чарлс со ентузијазам му одговорил на човекот да предложи место.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.