Дали правилно го чистите сунѓерот за туширање?

Објавено на 18 јануари, 2016 во 08:32

Бидејќи често, го користите сунѓерот за туширање,тој лесно може да се конвертира во легло за бактерии. Па за да не, претставува закана за вашето здравје и убавина, ќе ви откриеме како правилно да се грижите за сунѓерот.

Сушење – По користење сунѓерот не треба да се остава во вода, туку на воздух, со цел  целосно да се исуши. Тоа ќе биде најдобро ако го измиете со антибактериски сапун, а потоа да се стави на сушење.

Микробранова – По чистење сунѓерот, оставете го да се исуши, а потоа, додека сеуште е влажен, ставете го во микробранова печка на дваесеттина секунди. Ова  може да се примени на синтетичките сунѓери.

Избелувач – Ако не можете да се разделите од сунѓерот кој го користите некое време, исчистете го од бактерии,така што на неколку секунди да се потопи во белило. Исплакнете со вода и темелно измијте со сапун. Оставете да се исуши, и повторно  ќе биде подготвен за употреба.

Промени – Веднаш штом ќе забележите промени во изгледот, бојата и мирисот, време е да го замените со нов сунѓер.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.