„Војна на ѕвездите“ продолжува да урива рекорд по рекорд

Објавено на 29 јануари, 2016 во 08:57

Филмот „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ синоќа урна уште еден рекорд и докажа дека е „фабрика за пари“ и „магнет за гледачите“.

Новото продолжение од мегапопуларниот серијал стана филм со најголема заработувачка во историјата на северноамериканските кина, симнувајќи го од тронот веќе помалку заборавениот „Аватар“.

Импресивна е и брзината со кој филмот го постигна овој рекорд – за само 20 дена достигна заработка од 758 милиони долари, додека „Аватар“ тие финансиски средства ги содитгна за период од седум месеци.

– Горди сме на овие рекорди, но знаеме дека тоа не би било возможно без ентузијазмот и поддршката од фановите. Ние ги чувствуваме и не поттикнуваат секој ден за продолжување на светлата иднина на „Војна на ѕвездите“. Навистина дојде до будење и тоа благодарение на вас, објави компанијата „Дизни“ на службената страна на серијалот.

Седмото продолжение на серијата се уште „го лови“ рекордот на „Аватар“ од вкупна заработувачка кината ширум светот од 2,78 милијарди долари. Досега, Војна на ѕвездите: Силата се буди“ заработи 1,5 милијарди долари, но како што почна наскоро и тој рекорд би можел да падне.

 

Извор: А1он.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.