Повеќе од 150.000 пингвини го загубиле животот поради санта мраз

Објавено на 15 февруари, 2016 во 10:44

Научниците проценуваат дека 150.000 пингвини го загубиле животот откако санта мраз со големина на Рим им го блокирала патот до океанот.

Пингвините поради тоа морале да бараат обиколен пат долг 60 км за да дојдат до храна, што за многумина било погубно.

Од 2011 година, колонија од 160.000 пингвини се намалила на само 10.000 единки, покажало истражувањето кое го спровеле научниците од Истражувачкиот центар за климатски промени на Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Тие предвидуваат дека колонијат ќе исчезнае за 20 години, доколку гигантската санта не се измести.

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.