Ја измислија идеалната работа за мрзливците
Британски тематски парк нуди идеална работа за мрзеливи. Тие треба да не се срамат да стојат по неколку саати на ден и да безделничат, и да позираат во костими на панда, пишува “Метро”, цитиран од агенциите.
Кандидатите за позицијата треба да ја надминат својата природна инертност и да поднесат барање во тематскиот парк “Светот на авантури” во градот Чесингтон. Одобрените ќе ги “опкружат ѕидовите” во поголемиот дел од денот, за што ќе им се плаќа соодветно.
Тие треба да ја сносат тегобата “да им се воодушевуваат гледачите по неколку саати на ден”. Назначените мрзливци ќе носат удобен и топол костум на мечка панда, а ќе бидат опкружени со бамбусова храна – најмалку 14 килограми.
Аниматорскиот панда костум е развиен од страна на инженерите на фирма за специјални ефекти. Новото шоу на тематскиот парк е крстено “Пандамониум” и ќе стартува оваа пролет. За целта се бараат луѓе кои ќе се трансформираат во симпатичните мечки.
Извор: Локално.мк