„Ербас“ има решение за дебелите патници во авионот
Поголемите проблеми што бројните авиокомпании ги имаат со дебелите патници можеби наскоро да бидат решени со новиот вид патнички седишта што ги проектира „Ербас“, пренесува „Лонли планет“.
Познатиот производител на авиони неодамна поднесе барање за патент на седиште чија големина може да се подесува според големината на патникот.
Благодарение на новиот изум, авиокомпаниите ќе можат без страв да ги услужат патниците со сите облици и големина. Наместо тројца патници со просечна тежина, на тој начин, ќе можат да се сместат двајца поголеми патници.
Новиот концепт, исто така, исклучиво ќе им користи на семејствата кои за децата над две години возраст во моментов плаќаат полна цена на билетот.
Ова не е прв проект на „Ербас“ од ваков вид. Компанијата во минатото веќе предаде барање за патент за одвојување на кабината на авионот, како и на крила на склопување и расклопување.
Извор: Плусинфо.мк