Во Виетнам родени близнаци од различен татко

Објавено на 10 март, 2016 во 10:23

Близнаци од Виетнам биле толку различни што дури и нивните родители се посомневале дека се навистина браќа. Се утврдило дека тие имаат различни татковци.

Децата, кои сега имаат две години, биле подложени на ДНК тестирање откако родителите забележале дека едниот има права, а другиот виткана коса и дека се премногу различни дури и за двојајчени близнаци.

На почетокот мислеле дека бебињата се заменети во болница, но се утврдило дека близнаците имаат иста мајка, но различен татко.

Сопругот на мајката на близнаците е татко на едно од дечињата, а другото дете е зачнато при однос со љубовникот, што е прв ваков случај во Виетнам.

Овој вид оплодување се нарекува суперфекундација и подразбира дека се оплодени две јајце-клетки или повеќе од нив во ист циклус со семена течност при два или повеќе одвоени сексуални односи. Досега се забележани дури десетина такви случаи низ светот.

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.