На Амазон ќе се плаќа со селфи

Објавено на 17 март, 2016 во 15:08

Гигантот на онлајн трговија “Амазон” сака да го патентира плаќањето на производите со селфи, пишува “Индипендент”.

Патент поднесен во октомври минатата година, нуди плаќањето да се врши преку селфиња. За купување во иднина ќе се бара да се испратат две слики – едно стандардна селфи и едно со поинаква физиономија, на пример со насмевка, намигнување и искривување на главата, за да докаже дека навистина сте човекот на сликата.

“Амазон” веќе има патент за технологија на проверка на идентитетот на лице преку слика или видео, но сè уште нема дозвола за употребата при готовински трансакции. Според компанијата селфи технологијата ќе биде посигурна од софтверот за откривање на лице, кој лесно може да се измами со лажна слика. Иницијаторите на идејата објаснија дека селфињата се толку распространети што наскоро ќе ги заменат лозинките.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.