Астрономската пролет настапи денеска во 5:30 часот
Астрономската пролет во северната хемисфера оваа година настапи денеска во 5:30 часот по македонско време. Тоа е и денот на пролетната рамноденица, кога должината на денот е еднаква на ноќта.
Периодот од почетокот на астрономската пролет до почетокот на следната астрономска пролет е еднаков на една тропска година и изнесува 365, 24219 деноноќија. Во светот е прифатен календарскиот систем заснован на т.н. “Грегоријански календар”. Според календарот на одреден начин изминуваат обични години за 365 дена и интерполирани се по 366 дена во кои дополнителниот 29 февруари ја компензира акумулираната разлика.
Ова е направено за погодност, но е и причината датумот на пролетната рамноденица да е различен секоја година – варира помеѓу 20 март, 21 или 22 март за северната хемисфера. Календарскиотдатум зависи од тоа колку години поминаа од последната престапна.
Извор: Локално.мк