Вратил книга во библиотека по 49 години
Џејмс Филипс од Минесота неодамна во библиотека вратил книга која ја позајмил во 1967 година, а во библиотеката му ја простиле казната.
Библиотекарите на Универзитетот во Дејтон останале шокирани кога еден нивен член решил да ја врати книгата која ја позајмил пред 49 години.
Филипс беше бруцош кога во 1967 година ја земал книгата „Историјата на Крстоносните војни“. Казната за полувековното пречекорување на рокот била 350 долари.
Судејќи според цената на онлајн-сервисот Амазон, денес за тие пари можел да купи повеќе од 30 такви книги.
– Ве молам прифатетот го моето извинување поради тоа што прекувремено ја држев книгата „Историјата на Крстоносните војни“. Ја зедов кога бев бруцош и потоа ја загубив – гласела порака со извинување.
За негова среќа, од библиотеката решиле да му ја простат казната.
Извор: Плусинфо.мк