Наместо „лајк“ – амин: Српската православна црква основа своја социјална мрежа
Социјалните мрежи станаа составен дел од животот, а деновиве Српската православна црква основала своја социјална мрежа, Црква.нет (Crkva.net), и тоа е првата црквена мрежа во Србија. Така што сега на интернет можете и да „дадете амин“ преку оваа социјална мрежа, пишува српски „Б92“.
Главна причина за креирањето на страницата е Српската православна црква (СПЦ) да добие поширока популарност, како и да се промовираат црквените активности. Целиот проект е поврзан со мисионерското одделение на СПЦ, во него учествуваат официјални свештеници.
Технолошки слична на Фејсбук и Твитер, според содржината адекватна на својот назив, оваа социјална мрежа за неколку дена собрала повеќе од 2.000 лајкови и свештени лица. За да можете да и пристапите, не мора да биде православен, но мора да бидете пристојни. Така што на оваа црквена социјална мрежа имате наместо лајк – амин. Наместо музички хитови – црквени песни. Наместо наслови од медиумите – цитати од Библијата.
– Сметаме дека мисионирањето на интернет и тоа како е ефикасно, и дека носи плодови, а да се биде слеп и нем на тој простор не донесува ништо добро – рекол учителот по веронаука и основачот на социјалната мрежа Црква.нет Александар Милојков.
На сајтот Црква.нет можете да направите свој налог и можете да пишувате, да објавувате и на црковен начин да кажете дали нешто ви се допаѓа – да „аминувате“.
– Наместо лајк го имате познатото амин, сакавме да бидеме оригинални – додава Милојков.
На другите социјални мрежи може да се најдат и други црквени поглавари. Папата Франциско има профил на Твитер и Инстаграм, а рускиот патријарх Кирил е на најголемата руска православна социјална мрежа. На мрежата Црква.нет се уште нема српски патријарх, но има свештеници, теолози како и лаици.
– Веќе почнаа да се регистрираат црквени општини, очекуваме и епархии. Пред сè, свртена е кон младите, а младите денес сакаат, ни се допаѓало тоа нам или не, кратки, едноставни, брзи информации – додава Стеван Јовановиќ, учител по веронаука и член на Мисионерското одделение на СПЦ.
Јовановиќ вели дека луѓето сега главно аминуваат и го лајкуваат фактот, ги изнесуваат своите ставови, кратки цитати, и она што може да се најде на другите мрежи.
Извор: Плусинфо.мк