Нова теорија за Мона Лиза – најлуда досега
Ликот на Мона Лиза во поголем дел е создаден според ликот на љубовникот на Леонардо да Винчи, открил италијански умтенички истражувач.
Силвано Винченти, кој со години го анализирал портретот на Лиза Џерардини, сопруга на фирентински трговец, смета дека тоа воедно е и портрет на Џани Џакомо Капроти со кој славниот сликар имал љубовна врска.
– Мона Лиза е делумно маж, а делумно жена. Тоа може посебно да се воочи на нејзиното чело, нејзиниот нос и во нејзината насмевка – рекол Винченти. Тој ги проучувал инфрацрвените снимки на сликата и смета дека воочил сличност со другите слики на Леонардо да Винчи на кои се појавува Капроти, познат и по прекарот Салаи.
Салаи станал соработник на Да Винчи уште како дете, додека имал само 10 години, па со него работел цели две децении. Винченти уште во 2011 година го опишал нивниот однос како дволичен, следејќи ги со тоа наводите на уште низа други историчари на уметноста. Капроти со Да Винчи бил во интензивна врска додека заедно живееле во раскошната вила на сликарот во текот на три години кои паѓаат точно во периодот околу 1503 година, кога Мона Лиза настанала.
Со теоријата на Винченти не се согласуваат сите. За „Њујорк пост“ историчарот Мартин Кемп од Оксфорд рекол дека станува збор за збирка на познати работи, потоа полупознати детали и неколку производи на чиста фантазија на Винченти.
– Инфрацрвените снимки по ништо не ја поддржуваат неговата теорија дека на некој начин сликарот го насликал на истата слика ликот и на Лиза Џерарди и на Џани Џакомо Капроти – рекол тој.
Извор: Плусинфо.мк