Третина од Германците не одат на одмор бидејќи се плашат од отказ
Германците се познати како вредни и дисциплинирани работници, но понекогаш и тие имаат проблеми на работа.
Финансиската криза чии последици сè уште се чувстуваат, довела некои работници во ситуација доброволно да се одречат од годишен одмор бидејќи се плашат да не добијат отказ од работа.
Според податоците на германскиот синдикат, дури третина од работниците оваа година нема да заминат на заслужениот годишен одмор. Во извештајот кој е објавен под наслов:„ „Нема време за одмор? Колку е раширена појавата на одрекување од годишен одмор?“, германскиот синдикат ја анализира оваа појава и тоа врз основа на податоци од 2015 година.
Две индустрии каде работниците најмногу избегнуваат одење на одмор се услугите за чистење (47 отсто) и градежниот сектор (45 отсто), но има и државни службеници кои користат само неколку дена годишен одмор. На крајот на оваа скала на работници, кои не земаат годишен одмор се службениците во маркетниг службите, кои воглавно го користат целиот годишен одмор.
Дури осум од десет работници во маркетиншката индустрија ќе заминат на одмор и да ги искористат сите денови од одморот. Она што е забележливо е дека работниците кои работат најмногу часови во текот на работната недела се воедно и работниците кои се подготвени да се одречат од годишните одмори.
Воглавно работниците чија работна седмица трае 48 часа ќе се одречат од годишниот одмор, додека друга група на работници, иако работат далеку помалку часови редовно го искористуваат одморот.
Главен фактор за ваквата состојба е несигурноста и неизвесноста, бидејќи луѓето се плашат дека работата нема да ги чека по враќањето од одморот.
Оваа состојба се влошува од година во година, и што повеќе работници размислуваат за сигурноста на работата, се помал е бројот на оние што се одлучуваат да заминат на одмор. Синдикалците велат дека работодавците мораат да обезбедат нивните работници да имаат неопходен одмор.
– Обврската е на работодавецот да се грижи за работникот, особено кога станува збор за работи каде што владее голем притисок. Неопходно е работниците да заминат на заслужениот годишен одмор бидејќи тоа е важно за нивното здравје – велат од германскиот синдикат.
На гермаснките работници работната недела им трае 5 дена и имаат право на платено отсуство во траење од 20 дена.
Извор: Плусинфо.мк