Нови детали за венчавката на Принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл
Принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл во понеделникот открија нови детали за својата венчавка на 19 мај, вклучувајќи и тоа дека свеченоста ќе вклучува поворка со кочијата низ улиците на Виндзор.
Венчавката во капелата Сент Џорџ во дворецот Виндзор ќе започне напладне и двојката ќе ја венча надбискупот Џастин Велби, објасни палатата Кенсингтон. Час подоцна двојката ќе се провози во кочијата по улиците на гратчето.
„Се надеваат дека тој краток пат ќе овозможи на голем број луѓе да се соберат околу Виндзор и да уживаат во атмосферата на тој посебен ден“, соопштила палатата.
Нововенчаната двојка ќе им се придружи на гостите од конгрегацијата на приемот во салата на „Сент Џорџ“. Подоцна истата вечер таткото на младоженецот, принцот Чарлс, ќе приреди прием за младенците и за нивните блиски пријатели и семејството.
Истиот ден се одржува финалето на ФА-купот, на кое братот на Хари принцот Вилијам обично му го предава трофејот на победникот како претседател на Фудбалскиот сојуз па сè уште не се познати неговите планови.
Вилијам минатиот месец рече дека брат му сè уште не го побарал за кум, како што се очекува, и рекол дека сè уште размислува како да ги подмири двете истовремени обврски.