(ВИДЕО) Драма во Турција,дете висеше од прозорец на втр кат а го спасија соседите
Објавено на 14 февруари, 2018 во 18:06
Двегодишно дете се качило на прозорецот и за малку ќе паднеше од втор кат – вистинска драма се случуваше во турски Инстанбул.
За среќа, соседите го забележале детето како виси на прозорецот, очигледно не можејќи да се врати назад во собата, па веднаш тргнале во акција да го спасат.
Најпрвин тие се обидоа да ги повикаат родителите за да го повлечат од внатре, меѓутоа набрзо се досетија да земат ќебе и да го рашират под прозорецот.
Исплашеното дете се обидуваше да се врати назад, меѓутоа во еден момент ги отпушти рацете и падна директно врз ќебето.
За среќа, брзата реакција на соседите го спаси детето кое што помина без никакви повреди.
{vembed Y=kIpCxpgqMgs}