(ВИДЕО) Израел се пожали на холандската пародија на победничката евровизиска песна
Објавено на 23 мај, 2018 во 07:16
Амбасадата на Израел во Холандија реагираше откакао во холандска шоу емисија беше направена пародија на победничката песна на Евровизија.
Амбасадорот испрати и протесно писмо до ТВ каналот, а комичната изведба ја нарече анти-израелска.
Познатата холандска комичарка Сане Валис во песната употреби политички конотации за кои Израел смета дека се навредливи, пренесува БиБиСи.
На 63. Евровизија победи израелската претставничка Нета Барзилај со песната „Играчка“.
{vembed Y=VmvX-rlGwkg}