Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kajli fin

“Во 21-вата година, таа ќе стане најмладата милијардерка која сама успеала. Добредојдовте во времето на екстремното влијание на славата“, вака гласи најавата на „Форбс“ за августовскиот број, чија насловна страна ја краси Кајли Џенер.

Полу- сестрата на Ким Кардашијан, Кајли Џенер, која сега е мајка на едно дете, може да се пофали со богатство од 900. милиони долари што е „натрупано“ за помалку од три години, пишува Форбс.

Кајли Џенер нема професија,не е пејачка, ниту глумица, таа е едноставно позната. Прво, младата девојка, се здоби со популарност во реалното шоу за животот на семејството Кардашијан.

Таа потоа станува многу популарна на социјалните мрежи, со над 100. милиони следбеници само на Инстаграм. Во просек, нејзината веб-страница дневно собира 4-5 милиони допаѓања.

Денес таа има и успешна козметичка компанија.

Августовскиот број на Форбс е поветен на жени-милијардерки.

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново