Иванка Трамп го затвори модниот бизнис
Објавено на 27 јули, 2018 во 16:08
Иванка Трамп го затвора својот моден бренд, објави Wall Street Journal.
Одлуката доаѓа една година откако Трамп ја напушти компанијата и стана неплатен советник на нејзиниот татко, претседателот Доналд Трамп.
Сите 18 вработени во компанијата беа информирани за затворањето денес.
Продажбата на брендот се зголеми во 2016 година по изборите, но брендот беше цел на напади и критики за односот со претседателот.
Според изворот, брендот за облека никогаш не се опоравил откако Иванка Трамп се повлече.