Ресторан во Токио храни сиромашни кој оброкот го заработуваат
Ресторанот “Mirai Shokudo” во Токио објави во медиумите дека кај нив бесплатно можат да јадат сиромашни граѓани кој оброкот го заработуваат.
Сопственичката Секаи Кобајаши вели дека оние кои не можат да платат за ручекот, прво работат 50 минути и добиваат купон за оброк. Така, вели таа, се поврзува со гладните.
„Го отворив ресторанот пред две годинии сакав да се поврзам со сите луѓе кои не можат да си платат храна. Кога го отворив ресторанот, сакав сите овде да бидат добродојдени и да се вклопат“, вели Кобајаши. Таа во светот на угостителството влегла како студентка.
Во ресторанот, до сега, работеле околу 500 луѓе кои по 50 минути работа добивале купон за оброк. Цената на просечниот оброк во ресторанот изнесува околу 8 евра.
Сличен начин на работење има и “Gyoza No Ohsho” ресторан во Кјото кој им нуди оброк на студентите во замена за миење садови во кујната.