Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sojna fin

Рибарското село Шојна на периферијата на Белото Море полека исчезнува под песокот, кој ги покрива куќите, така што само врвовите на покривите наѕираат од дините.


За децата, тоа е волшебно место: игралиште со песок со природни падини насекаде. За сите останати, животот во овој неплоден пејзаж е секојдневна мака.

Ана Голубтсова живее на вториот кат од нејзината куќа. Приземјето е претворено во несакана плажа. – Треба да ангажираме булдожер за отстранување на песокот, а потоа следната година да го повториме истото, рече таа.

Куќата во близина е толку затрупана, што жителите во неа влегуваат низ таванот. Станарите велат дека повеќе од 20 куќи се целосно затрупани.

По Втората светска војна, Шојна било прометно рибарско пристаниште, од кое доаѓале вести за рибарите кои ја надминувале квотата. Но, претераниот риболов не само што ги намали локалните резерви, туку и го уништи екосистемот на оваа област. Рибарските бродови гребат по морското дно, исчистено од алги и кал. И со оглед на тоа дека немало нешто што би го задржало песокот, брановите почнаа да го исфрлаат на брегот.

Ова нарушување на морската почва во комбинација со промените на коритото на реката која минува низ Шојна до Белото Море веројатно е причина за инвазијата на песок, вели Сергеј Уваров, координатор на проектот за поморски биодиверзитет од Светскиот фонд за природа во Русија. Ниту една студија не е спроведена.

Во лето, малите авиони и повремените хеликоптери се единствениот начин да се стигне до Шојне. Евдокија Сахаров (81) е неофицијалнно лице за пречек, која стои на пистата покриена со песок.

Кога била млада, целата област била полна со тревни ливади каде кравите доаѓале на пасење, а селаните имале мали фарми веднаш до своите куќи. – Се сеќавам кога селото беше полно со живот, а не со песок, вели таа.

Во најдобриот период, во селото живееле над 800 луѓе, а денес ги има 285. Во селото нема канализација и водата се носи од бунари. Куќите се загреваат на дрва или јаглен. Храната во единствената продавница во Шојна е двојно поскапа отколку во блискиот град.

Дебатите за тоа дали да се остане во Шојна или да се замине траат со децении. Преселувањето може да се финансира со федералната програма за помош на жителите од оддалечените северни области. Многу млади луѓе заминуваат за да студираат, работат или патуваат. Но некои по некое време се враќаат: Тешко им е да се адаптираат на урбаниот живот по годините поминати во село.

– Шојна ве повлекува, вели Павел Коткин (21).

– Студирав во градот четири години и се вратив. Ја сакам Шојна и сакам да живеам овде.

Но што е со песокот?

– Не можам без него. Ме болат нозете од одење по асфалт, вели тој

Извор: Њујорк Тајмс 

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново