Руски научници создадоа вештачки мозок
Научниците од Петрозаводск создале невронска мрежа од наједноставни вештачки неврони и ја научиле да препознава најпрости геометриски фигури и фотографии, соопштила прес-службата на Рускиот научен фонд.
Современите компјутери работат на база на наједноставна дискретна логика – нивните елементарни мемориски ќелии и компјутерски модули можат да перцепираат и обработуваат само нули и единици. Тоа дава неограничени можности за математички пресметки со доволно голем број од едни и други елементи.
Научниците веќе одамна знаат дека мозокот функционира на сосема поразличен начин. За разлика од полуспроводничките транзистори, нашите неврони можат истовремено да перцепираат голем број на различни сигнали, па на комплексен начин да ја сумираат и менуваат својата чувствителност на поединечни групи такви импулси.
Тие разлики прават невронски мрежи, вештачки пандани на ланецот од неврони, кои се или премногу комплексни за прикажување во “целосна” форма, или ги тераат научниците да ја поедностават нивната констуркција, правејќи ги недоволно добри пандани на човековиот или мозокот на други живи суштества.
Треба да се додаде дека нивната работа и обука бараат огромна количина на компјутерски ресурси, кои денес се достапни само само во најголемите супер-компјутери.
Од таа причина научниците одамна се обидуваат да создадат вештачки неврони. Пред една година, научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс успеале да го создадат првиот примитивен ланец од слични структури, кои се способни да препознаат одредени латински букви.
Неодамна руски научниците создале “вештачки неврони” составени од тенки филмови од ванадиум-диоксид, чија отпорност зависи од нивната температура. На пример, ако низ таков неврон се пушти доволна количина на струја, тој ќе се загрее и неговиот отпор нагло ќе се намали, за околу 10.000 пати, поради што ќе почне да пренесува повеќе струја.
Тоа ќе доведе до ладење на вештачкиот неврон, негово враќање во почетна состојба и речиси целосно престанување на движењето на електричната енергија. Како резултат на тоа, ваквиот филм ќе осцилира, ќе емитува низа импулси слични на реалните нервни клетки во мозоците на луѓето и животните.
Вкупно 11 слични структури комбинирани во една мрежа која се состои од два влезни и излезни чворови и девет неврони за обработка може да научат да препознаваат едноставни геометриски облици кои може да се постават во кврадрат со големина од 3×3 пиксели.
Овие експерименти покажале дека вештачките неврони засновани на ванадиумски филмови може да регистрираат и обработуваат “повеќеслојни” сигнали, како и природни неврони, што им овозможува да се употребувааат како нивни полноправни пандани, пишува “Sputnik”.