Доаѓа пролет: Како најдобро да ги уредите вашиот двор и градина ?
01.03.2021
Денес започнува месецот на пролетта. Март е месец кога после студеното време добар дел од денот го поминуваме на отворено крадејќи од сончевите зраци.
Доколку имате сопствен двор, доколку уживате во декорирање и уредување и доколку сте љубител на цвеќиња тогаш ви претставуваме неколку одлични идеи за декорирање на вашиот двор, одлично ќе му прилегаат, не претставуваат скапа инвестиција и воедно ќе обезбедат активно да се вклучите и да уживате во крајниот резултат.
Верувајте тоа ќе го забележат и соседите, и сите гости кои ќе Ве посетат.
Во прилог се неколку интересни идеи за кои е потребна само умерена доза на ентузијазам и креација, а кои ќе ги направат вашиот двор или градина ваше омилено катче.
Саксија за цвеќе – камења, песок, жица, растенија
Езерце – Потребни ресурси: тракторска гума, дебел повеќеслоен најлон, камења и прскалка.
Рачно направено поплочување на двор – Калапот можете да го направите во пластичарска работилница или пак да го изработите со метални цевки кои ќе ги споите со ссоодветен материјал. Плоќчките се прават со вода, цемент и каменчиња со средна големина и песок. Битно е подот каде што ќе се ставаат плочките да е добро тампониран со поситни камења со цел да се направи стабилна подлога за газење која воедно би спречила и кршење на плочките. Плочките правете ги една по една и додека сеуште не се досушиле во калапот поставете ги врз патеката. За да направите поголем број на плочки потребни се повеќе калапи нормално.На крај краевите од двете страни на пличките регурлирајте ги со правење на цементи лајсни кои ќе обезбедат стабилност на плочките.
Мите Јаначков