kreacii fin

Агенцијата за свадби „Disney Weddings“ и бутикот „ Allure Bridals“ креирале колекција невестински фустани и ја нарекле „Дизни принцес“, која содржи 16 модели инспирирани од хероините од омилените цртани филмови како што се Пепелашка, Ариел, Бел, Аурора, Покахонтас, Јасмин, Златокоса, Тиана и Снежана. Овие фустани, кои се направени од шифон, органза, тул, чипка и каменчиња, за прв пат же бидат претставени на Модната недела во апрл во Њујорк.

kafez fin

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и јавното претпријатие „Лајка“ се погрижија домашните миленици безбедно да се возат со сопствениците на жичницата на Водно.

 Кокс fin

Маж од Кентаки се осигурал, дека по неговата смрт, неговата сопруга ќе добива цвеќе за Валентајн, што трае веќе осум години, пренесува CNN.

veknaleb fin

Хуан Мануел Морено е пекар кој дошол до идеја да направи намирница која оди со секој оброк, но по посебен рецепт. Тоа има своја цена, но и клиенти.

alba fin

Не постои ништо полошо од тоа одморот да ви биде упропастен од дожд, а единствено нешто што сакате е малку сонце. За среќа, постои прекрасен медитерански остров кој гарантира дека дожд нема да има, а доколку се случи тоа, хотелот во кој престојувате ќе ви ги врати парите.

BrunoMars fin

Доколку го сакате вонсерискиот глас на Бурно Марс и неговата енергична појава, ќе се воодушевите од сознанието дека тој наското ќе глуми во мјузикл под палката на Дизниевото студио. Поп пејачот преку Инстаграм откри дека работи на голем проект, свирејќи ја на пијано познатата тема When You Wish Upon a Star, со која почнуваат филмовите на Дизни, додека пак во описот ги напишал нејзините стихови.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново