Започна доизградбата на училишната зграда во Иванковци

Објавено: 22 октомври, 2026, во 15:06 часот

Доизградбата и довршувањето на училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци е започната со финансиски средства од буџет на Општина Велес.

„Со доизградбата учениците и наставниците ќе добијат функционален и уреден простор за учење и работа“, соопштија од општината.

Според директорот, Трајче Недев, ова општинско основно училиште е централно и во него настава посетуваат 50 ученици, од прво до деветто одделние, во седум паралелки. Во училиштето настава се изведува во одделенска и во предметна настава.

Со учениците работат четири одделенски наставници и двајца предметни наставници кои заедно со кои колеги кои се вработени во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ и во исто време изведуваат настава и во останати училишта на територијата на општината, вкупниот број изнесува 16.

Наставата цели 15 години се изведува во две смени и во Модуларно училиште, откако се случи пожар и ја опожари зградата. Со доградбата на училиштето во Иванковци ќе се создадат услови за изведување на настава во една смена.

Според спроведената јавна набавка доизградбата треба да чини 11 милиони денари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.